• недела, 22 декември 2024

Коциќ: Придобивките од Чебрен се огромни, со договорот заштедени 100 милиони евра

Коциќ:  Придобивките од Чебрен се огромни, со договорот заштедени 100 милиони евра

Скопје, 15 ноември 2023 

Секој човек кој што малку ги подржува зелените инвестиции и обновливата енергија и што ја разбира оваа проблематика целосно ќе застане зад овој проект. Придобивките од Чебрен се огромни. ДПМНЕ имаше 11 тендери и ниту еден не беше успешен, Владата на СДСМ спроведе успешна постапка и заштеди 100 милиони евта, рече  пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
 
Коциќ додаде дека со реализација на проектот за хидроценралата Чебрен се обезбедува струја за 250.000 домаќинства, се обезбедува акумулација за земјоделие и заштита од поплави.

-Сите овие продобивки, со нула евра, значи инвестиција од 1 милијарда евра од инвеститорот. Се прави акционерско друштво каде грчкиот инвеститор има 66 отсто , ЕСМ 33 отсто, со Тиквеш три месеци по пуштањето во употреба, а не по изградбата.
Тоа значи заштеда од 100 милиони евра како држава, споредувајќи го договорот на ВМРО-ДПМНЕ кој бил со потпишување на договорот, а не по пуштање во употреба, рече Коциќ.

Зборувајќи за престојните претседателски избори Коциќ рече дека во СДСМ се уште не е за почната постапката за избор на кандидат но додаде дека СДСМ и коалицијата ќе го имаат победничкит кандидат кој ќе победи на претседателските избори.

-Убеден сум дека кандидатот на СДСМ и коалицијата ќе ги добие идните претседателки избори, исто како што претходно ги доби со Стево Пендаровски, рече Коциќ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан