• петок, 22 ноември 2024

Коциќ: Нови инвестиции во енергетскиот сектор за зголемено домашно производство на електрична енергија

Коциќ: Нови инвестиции во енергетскиот сектор за зголемено домашно производство на електрична енергија
Скопје, 12 октомври 2022 Владата предводена од СДСМ и надлежните институции се посветени на обезбедување доволно енергенси за претстојната зима. Во ек на светска енергетска и економска криза, важно е навремено да се обезбедат доволно енергенси и електрична енергија, но и треба тие да се користат рационално. Државата ги користи сите свои енергетски капацитети со цел да се зголеми домашното производство на струја и на тој начин да се намали зависноста од увоз. Покрај унапредување на постоечките, се отвораат и нови енергетски капацитети. Последната од нив е соларната електрана во Амзабегово, Свети Николе со моќност од 17 мегавати. Електраната се состои од над 31.000 сончеви панели на површина од 300.000 квадратни метри и предвидено производство од 25.000 MWh зелена енергија годишно, што би можела да снабдува над 5.500 македонски домаќинства. Истовремено, на локацијата на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ веќе работи фотонапонска електрана со моќност од 10 мегавати во сопственост на ЕСМ. Во моментот, пред започнување со градба се и фотонапонските централи по пат на приватно партнерство со ЕСМ, во Осломеј, со инсталиран капацитет од 100 мегавати. Сето ова се крупни чекори кон сериозно зголемување на електрична енергија од домашни, еколошки извори. Граѓаните да бидат спокојни, електрична енергија и енергенси оваа зима ќе има во доволни количини. Владата, државата и натаму ќе субвенционира 80 отсто од сметките за струја за над 600.000 домаќинства и околу 72.000 мали претпријатија. Сите основни и средни училишта се префрлуваат на регулираниот пазар за помали сметки за струја, а поевтина електрична енергија ќе добиваат и здравствените установи. Секако, важно е да се потенцира дека секој субјект, без разлика дали е домаќинство, единица на локална самоуправа, дали е државно или приватно претпријатие треба да преземе мерки за штедење и рационално користење на електричната енергија. СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи продолжува да се грижи за сите граѓани, продолжува да инвестира во енергетскиот сектор и да му помага на стопанството. Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.                                      

Остани поврзан