Котор привлекува туристи со панорамите на заливот
- Ова кафуле е на половина час возење од Котор, а на посетителите и љубителите не им се проблем кривулестите патишта, кога крајната цел е - добра забава.
Котор, 5 мај 2025 (МИА) - Kафуле кај Котор, Црна Гора, со својот, според многумина - воодушевувачки поглед, привлече големо внимание на интернет-просторот. Сликите и видеата од корисниците, се чини, укажуваат на постојана добра забава на ова место.
Станува збор за барот „Хоризонт“ - можеби најпознат по панорамата на Которскиот Залив, во којашто се ужива, на пр. со омилениот пијалак и песна од Оливер Драгојевиќ. Ова кафуле се наоѓа на половина час возење од Котор, а на посетителите и љубителите не им пречи кривулестиот пат, кога крајната цел е - добра забава.
Во последните години, Котор станува сè попопуларна дестинација поради шармот на малото гратче, златните плажи и нереално убавиот поглед на околината. Овој град се најде и на првото место на платформата „Самбоат“ (Samboat) којашто ги открива „најпотценетите туристички дестинации на Средоземното Море“ во 2023 година. си/ссм/
Фото: Тикток-објава, фотоисечок