• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Коте де Пабло не сакала координатор за интимност за „Тони и Зива“

Коте де Пабло не сакала координатор за интимност за „Тони и Зива“

Лос Анџелес, 30 јули 2025 (МИА) - Ѕвездата од „Нејви“ ('NCIS' / 'Navy'), чилеанско-американската глумица Коте де Пабло одбила координатор за интимност во снимањето на „Тони и Зива“, затоа што не сакала некој „претарано да ги контролира до ситници“, вели. Нејзиниот партнер на сцената, Мајкл Ведерли го оставил изборот на неа.

ТВ-серијата „Тони и Зива“ ('NCIS: Tony & Ziva') е одгранок-продолжение на оригиналната серија „Нејви“, каде што Де Пабло и Ведерли ги продолжуваат своите улоги во новата приказна. Закажани се првично 10 нови епизоди, коишто ќе се прикажуваат во септември и октомври. Глумицата, неодамна, за „ТВ Инсајдер“ изјави дека ја одбила понудата за координатор за интима зашто, просто, не ѝ требало тоа.

- Ме прашаа прво мене, мислам - затоа што сум жена и „бла-бла-бла“... И, јас реков: „Не ми треба. Ви благодарам што понудивте“. Мајкл и јас имаме голема доверба еден во друг и сме одлични пријатели. Значи, кога станува збор за снимање на овие работи, не сакаме да бидеме „микроменаџирани“ (претарано контролирани). Ние сакаме да го истражуваме тоа и доволно си веруваме еден на друг за да дозволиме да се случува тоа, појасни Де Пабло.

Ведерли само ја потврди мислата на својата колешка.

- Им реков: „Коте нека каже како сака“. Љубовните сцени се комплицирани, затоа што тоа ниво на невербална комуникација - бакнуваш некого онака како што сакаш да бидеш бакнат или допираш некого онака како што сакаш да бидеш допрен... Тоа е длабоко ниво на комуникација. Физичката интеракција почнува со доверба. За среќа, Коте и јас немаме проблем во таа област. Ние го правевме тоа уште на почетокот, дообјасни глумецот, мислејќи на оригиналната серија „Нејви“.

Де Пабло и Ведерли излегоа од главната глумечка постава на оригиналаната серија уште пред неколку години. Инаку, првата епизода од новата серија е закажана за 4 септември.  си/

Фото: Фејбук, јавна објава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан