• петок, 05 декември 2025

Костовски: 3.000 денари за секое новородено дете во општина Бутел

Костовски: 3.000 денари за секое новородено дете во општина Бутел

Скопје, 9 октомври 

Со задоволство најавувам дека за прв пат нашата општина ќе обезбеди надоместок за новороденче во висина од 3.000 денари, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од објавата на Фејсбук на нивниот кандидат за градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски, што МИА го пренесува интегрално.

Оваа поддршка е дел од нашата заложба за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел.

Ние не застануваме – инвестираме во инфраструктурата која ќе ја подобри иднината на секое дете.

Изградивме две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а во наредниот период ќе изградиме уште три нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1.

Нашата визија е јасна, создаваме услови за развој и иднина за секое семејство!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан