Костовски: Бутел ќе добие три нови детски градинки во Радишани, Бутел 1 и Визбегово
- Ветувам дека ќе изградиме 3 нови детски градинки. Една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Радишани, каде што се наоѓа старото училиште, наведува кандидадтот за градоначалник на Општина Бутел, Дарко Косдтовски, во изјавата за медиуми што МИА ја пренесува интегрално.
30 септември 2025
Почитувани граѓани на општина Бутел,
Ветувам дека ќе изградиме 3 нови детски градинки. Една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Радишани, каде што се наоѓа старото училиште, наведува кандидадтот за градоначалник на Општина Бутел, Дарко Косдтовски, во изјавата за медиуми што МИА ја пренесува интегрално.
Една нова детска градинка ќе изградиме во Бутел 1, на постоечки стар објект од детска градинка.
И една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Визбегово, исто така каде што се наоѓа старото училиште.
Тоа што сакам да го истакнам е дека за време на 4 години успеавме да изградиме две нови детски градинки, една во населеното место Бутел 1, и една во населеното место Бутел 2 која што е во финална фаза и наскоро ќе има свој почеток.
Она што сакам да го истакнам е дека навистина во предучилишната возраст вложивме многу, инвестиравме како никогаш досега.
За период од 4 години вложивме 150 милиони денари во инфраструктура за градинките и подобрување на условите за нашите најмали.
Линк од видео материјал:
https://youtube.com/shorts/9_89HEbLYrQ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ