• сабота, 13 јули 2024

Костакурта задоволен од работата на Ибрахимовиќ во Милан

Костакурта задоволен од работата на Ибрахимовиќ во Милан

Милано, 13 јули 2024 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Милан, Алесандро Костакурта го сподели своето мислење за работата на екс-фудбалерот и сегашен спортски директор во миланскиот клуб Златан Ибрахимовиќ.

-Почнува да ми се допаѓа се повеќе и повеќе. Отпрвин не зборуваше ништо и изгледаше како да не прави ништо, но сега... На Милан му треба таква личност, со таква комуникација, изјави Костакурта за „piantamilan.it“.

Костакурта го напушти Милан во 2007 година.

Ибрахимовиќ минатото лето најави дека се пензионира. Неговиот последен клуб беше Милан. Со 62 гола напаѓачот е најдобар стрелец во историјата на шведската репрезентација. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан