• недела, 22 декември 2024

Костадин Петров в.д директор на ФИТР, Деспотовски в.д. директор на ТИРЗ

Костадин Петров в.д директор на ФИТР, Деспотовски в.д. директор на ТИРЗ
Скопје, 11 ноември 2020 (МИА) - Костадин Петров е назначен а в.д директор на Фондот за иновации и технолошки развој, а досегашниот директор Јован Деспотовски е именуван за в.д. директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, одлучи Владата на синоќешната седница.
Меѓу одлуките е и Самка Ибраимовски да биде назначен за в.д. заменик директор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат”. Поточно, како што стои во соопштението од Владата, таа му порачува на Управниот одбор на претпријатието да го избере Ибраимовски за в.д. директор.
Владата ги прифатила и оставките на досегашниот директор на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ и на директорот на затворот во Куманово, Марјан Спасовски. Со новите одлуки, Стојановиќ е именуван за в.д. директор во Казнено поправен Дом Идризово со отворено одделение во Велес, а Спасовски го именува за в.д. директор на Управата за извршување на санкции. За в.д директор на затворот Куманово е назначен Ненад Цветковиќ.
Според соопштението од Владата, Бесник Елези е именуван за в.д. заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Ардиан Муслиу  за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат и Митко Крстевски за директор на Службата за просторен информативен систем. бак/са/

Остани поврзан