Костадинов предпразнично со младите фудбалери на „Атлетико 2021“ од Облешево
- Во пресрет на Нова година и Божик, градоначалникот на Општината Чешиново - Облешево, Јорданче Костадинов, ги посети младите фудбалери од ФК „Атлетико 2021“ од Облешево.
Кочани, 31 декември 2025 (МИА) - Во пресрет на Нова година и Божик, градоначалникот на Општината Чешиново - Облешево, Јорданче Костадинов, ги посети младите фудбалери од ФК „Атлетико 2021“ од Облешево.
Приликава тој ја искористи да им упати честитки за новогодишните и божикните празници, посакувајќи им здравје, успех и многу победи на спортските терени, со верба дека 2026 година ќе биде исполнета со тимски дух и спортски радости.

Костадинов им упати честитки и на тренерите Влатко Коцев и Влатко Заов за нивната посветеност и придонес во развојот на младинскиот фудбал во општината. ис/дма/
Фото: МИА