• среда, 15 мај 2024

Костадинов во Дебар: СДСМ како државотворна партија, се грижи за сите граѓани и за европската иднина

Костадинов во Дебар: СДСМ како државотворна партија, се грижи за сите граѓани и за европската иднина
Дебар, 19 ноември 2022 (МИА) - Во рамки на  серијата граѓански трибини „Силно и одлучно кон иднината“ каде заедно со граѓаните отворено се разговара за мерките и политиките на СДСМ, за  визија за иднината на нашата македонска држава, вечерва трибина беше одржана во Дебар.
Пред членови, симпатизери и граѓани,  на трибината, што се одржа во Центарот за култура зборуваше  Перо Костадинов, потпретседател на СДСМ.
-СДСМ во своите политики во изминативе години на дело покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани, во време на светска економска криза ја зголемивме минималната плата, со пензионерите договоривме рекордно зголемување на пензиите, а преку два пакета мерки вредни над 760 милиони евра им помагаме на најранливите категории граѓани, рече тој.
Додаде дека во време на светска криза за храна посебен фокус е ставен на земјоделството.
- Ги исплативме сите неисплатени субвенции кон земјоделците, ги субвенционираме трошоците за набавка на вештачки ѓубрива, а од следната година воведуваме нов поефикасен и поправеден систем на субвенции со цел земјоделците навреме да ги добиваат своите субвенции, нагласи Костадинов.
Посочи дека покрај грижата за сите граѓани, СДСМ како државотворна партија, посветено работи и на обезбедување на европската иднина на државата.
- По 17 години во чекалната на ЕУ, конечно влеговме во процесот на преговори за членство и тоа како Македонци со заштитен македонски јазик и потврден македонски идентитет, го исполнивме сонот на многу генерации македонски политичари, истакна на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во Дебар потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов.
Пред присутните се обрати и Азем Фејзоски, претседател на општинската организација на СДСМ-Дебар. вт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан