Костадиновски: Нова спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“, изградба на кружен тек и фитнес зона на отворено во Виница
- В недела на 2 ноември на вториот круг од локалните избори очекувам ваша поддршка за уште повеќе проекти и инвестиции, кои ќе донесат развој на Виница, порача кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Костадиновски на вечерашниот мини-митинг во општина Виница.
Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - В недела на 2 ноември на вториот круг од локалните избори очекувам ваша поддршка за уште повеќе проекти и инвестиции, кои ќе донесат развој на Виница, порача кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Костадиновски на вечерашниот мини-митинг во општина Виница.
-Верувам дека ќе ја заокружиме победата во вториот круг, да продолжиме со проектите во Виница, ние сме со реални проекти и програма кои планираме да ги реализираме наредните 4 години, сметам дека допревме до секој од вас ве запознавме со нашата визија за Виница, затоа во недела ја барам вашата доверба да продолжиме со уште посилно темпо, со уште поголеми проекти, рече Костадиновски.
Тој ги наведе проектите кои ќе се реализираат како во областа на образованието и спортот со изградба на нова спортска сала, спортски игралишта и фитнес зона, така и инвестирање во најмалите со доградба на детската градинка, но и подобрување на сообраќајот во општина Виница.

-Ја барам вашата поддршка за нова спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ кое е единствено училиште во општина Виница кое нема спортска сала, за доградба за нова градинка, за подобрување на сообраќајот, изградба на кружен тек, за нови улици во градот и населените места и за формирање на зона за мало стопанство кај м.в Скараница, село Блатец. За изградба на фитнес зона на отворено во Виница, реконструкција и изградба на спортски игралишта во населените места, за подобрување на водоснабдувањето, за реконструкција и изградба на водоводна и канализациона мрежа и уште многу други проекти, рече Костадиновски.
Затоа, посочи, ве повикувам сите масовно во недела на 2 ноември да излеземе и да го заокружиме бројот 9 за ВМРО-ДПМНЕ и победничката коалиција „Твоја Македонија“. вј/
Фото: ВМРО-ДПМНЕ