• петок, 22 ноември 2024

Костадиновски: Нашиот Устав е ограничен во поглед на заштитата на граѓанските слободи и права

Костадиновски: Нашиот Устав е ограничен во поглед на заштитата на граѓанските слободи и права

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Посебен предизвик за владеењето на правото и за Уставниот суд на Република Северна Македонија е воведувањето на уставната жалба, бидејќи нашиот Устав е ограничен во поглед на заштитата на граѓанските слободи и права, истакна уставниот судија Дарко Костадиновски на 30. Конгрес на Меѓународната федерација на европско право (ФИДЕ).

Говорејќи на панел дискусијата „Владеење на правото во контекст на проширувањето на ЕУ“ Костадиновски посочи дека  од стапувањето во сила на нашиот Устав во 1991 година, до денес, без никаква дилема, Уставниот суд останува најнереформираната институција во нашиот уставен поредок, во однос на правната рамка што го регулира начинот на работењето.

-Правната рамка се состои од Уставот и актот на Судот. Во вакви околности, дилемата што се наметнува е зошто и кому му е потребна ваква статус кво состојба на уставното судство кај нас? Оттука се поставува прашањето дали Уставниот суд ги исполни очекувањата од изминатите 32 години, конкретно чии очекувања се исполнија? А кога правната држава е соочена со предизвик, без сомнение, Уставниот суд е првиот кој е повикан да го стабилизира правниот поредок.
Уставниот суд има два предизвици: да се бори за сопствената независност и автономија, да ја гарантира и обезбеди независноста на судскиот систем, без кои е незамислива изградбата на правната држава во која ќе владее правото, истакна Костадиновски. дма/нд/

 

Фото: Уставен суд на РСМ

Остани поврзан