• сабота, 21 декември 2024

Костадиновска-Стојческа: Граѓаните сакаат да ја видат државата како дел од ЕУ

Костадиновска-Стојческа: Граѓаните сакаат да ја видат државата како дел од ЕУ
Скопје, 23 септември 2022
Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадинова Стојческа во интервју за емисијата „Трилинг“ во однос на донесување на уставните измени, истакна дека верува дека кај опозициските партии ќе преовладее разумот.
Верувам дека и во редовите на опозициските партии ќе преовладее разумот, бидејќи тие не гласани од сaмите себе, тие се гласани од граѓани, кои и те како сакаат да ја видат државата како дел од ЕУ, порача Костадинова Стојческа, додавајќи дека скринингот ќе покаже дека еден дел имаме сработено и добиваме пофалби за напредокот, но преостанува добар дел што уште треба да се сработи.
Костадинова Стојческа истакна дека од опозицијата ќе се свестат дека со чекорите што одлучиле да ги прават во последно време не носат никому ништо добро, па дури и на самите себе.
Владата е насочена кон исполнување на критериумите за членство во ЕУ, напорно и орагнизирано работиме на скринингот, а уставните измени ќе дојдат последователно на она што се согласивме дека ќе се случува, порача потпретседателката на СДСМ Бисера Костадинова Стојческа во интервју за емисијата „Трилинг“.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан