• вторник, 24 декември 2024

Косовски синдикат денеска на протест, бара зголемување на платите и колективен договор

Косовски синдикат денеска на протест, бара зголемување на платите и колективен договор

Приштина, 4 декември 2024 (МИА) – Обединетиот синдикат за образование, наука и култура (СБАШК) денеска ќе протестира барајќи зголемување на платите и спроведување на одлуката за колективниот договор. А доколку институциите не се одразат, ниту челниците на СБАШК не исклучуваат штрајкови, јави дописникот на МИА од Приштина.

Протестот пред зградата на Министрерството за образование во центарот на градот ќе започне во 12:30 часот.

Лидерите на СБАШК ден претходно се сретнаа и со министерката за образование Арберие Нагавци, но, како што соопшти синдикатот, средбата не резултирала со никаков договор.

Пред две години, Министерството за образование го раскина колективниот договор со СБАШК, со образложение дека во моментот кога бил потпишан, владиниот министер бил на должност и немал легитимитет.

Синдикатот има потпишано три колективни договори со централната власт - во 2014, 2017 и во 2021 година. Со овие договори на просветните работници им се овозможува да ги покријат патните трошоци, трошоците за храна и јубилејните награди.

Финансиските импликации од овие договори ги оптоварија буџетите на општините, бидејќи трошоците за обврските кои произлегуваат од колективниот договор никогаш не биле планирани во годишните буџети.

За неисполнување на овие обврски, наставниците ги тужеа општините и предметите ги добија на суд. Според Здружението на општини на Косово, локалното ниво е оштетено со над 120 милиони евра од тужбите на наставниците. иа/

Остани поврзан