Косовски државјанин уапсен при извршување кражба од банкомат
- Полициски службеници од СВР Куманово утрово во 04:15 часот во Куманово го привеле косовскиот државјанин А.М. (41), затоа што бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат на ед
Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово утрово во 04:15 часот во Куманово го привеле косовскиот државјанин А.М. (41), затоа што бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат на една банка на ул.„11 Октомври“.
Како што информира МВР, во непосредна близина на местото било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки.
Во врска со случајот, а по телеграма од СВР Куманово, на Граничен премин „Јажинце“ бил задржан и Б.Х.(39) од Косово и ќе биде спроведен во СВР Куманово. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/
фото МИА архива