• понеделник, 25 ноември 2024

Косовските Срби одат да гласаат во Србија, до два часа чекање на граничните премини

Косовските Срби одат да гласаат во Србија, до два часа чекање на граничните премини

Приштина, 17 декември 2023 (МИА) – Косовските Срби од утрово, организирано со автобуси, но и со сопствен превоз, заминуваат да гласаат на вонредните парламентарни и општински избори во Србија, јави дописникот на МИА  од Приштина.

На граничните премини меќу Косово и Србија се создаддени подолги колони, по така, според косовскиот Национален центар за управување со границата, на премините Бела Земја и Јариње за излез од Косово се чека до два часа, додека во Мердаре 40 минути.

Зависно од живеалиштето, косовските Срби кои поседуваат српско државјанство ќе можат да гласаат во едно од четирите погранични места во централна Србија – Врање, Рашка, Куршумлија и Тутин. Државјаните на Србија, пак, од албанска националност своето право на глас ќе можат да го искористат во градовите Прешево, Бујановац и Медвеѓе во јужна Србија.

Право на глас на 14-тите парламентарни избори во Србија од воведувањето на повеќепартискиот систем имаат 6.500.666 изборачи. Додека на минатите српски избори, во април 2022 година, гласачко право во Косово имаа 93.500 изборачи, според податоците до кои дојде Радио слободна Европа од извори во српското МВР, на крајот на октомври годинава таа бројка била за речиси 30 илјади повисоко, односно на овие избори можат да гласаат 122.300 лица од Косово.

Ова е трет пат по ред како државјаните на Србија кои живеат во Косово не можат да гласаат во своите живеалиште, откако косовскиот премиер, Албин Курти постави услов Белград да поднесе официјално барање за такво нешто.иа/сд/

Остани поврзан