• понеделник, 23 декември 2024

Коронавирусот му помага на Јунајтед да го задржи Погба

Коронавирусот му помага на Јунајтед да го задржи Погба
Манчестер, 30 март 2020 (МИА) - Пол Погба е предмет на трансфер сага од затворањето на трансфер прозорецот минатото лето. Францускиот фудбалер има само 8 натпревари за „црвените ѓаволи“ оваа сезона, изјавувајќи неколку пати дека сака „нов предизвик“ во неговата кариера. Но, сега работите се променија. Манчестер јунајтед е оптимист дека Погба ќе остане на „Олд Трафорд“ следната сезона, бидејќи многу малку клубови во Европа можат да си дозволат да платат 100 милиони фунти што тие ги бараат за светскиот шампион. Минатото лето немаше конкретна понуда за играчот, при што само Реал Мадрид понуди 30 милиони евра плус Хамес Родригез за услугите на францускиот играч од средниот ред. Сепак, ситуацијата сега е сосема поинаква заради пандемијата од коронавирус. Голем дел од европските гиганти ќе мора да се повлечат и да ги преиначат своите планови за летниот преоден рок. Сите клубови чекаат да видат каква ќе биде состојбата по завршувањето на пандемијата за да преземат идни чекори. Информациите од Шпанија наведуваат дека плановите за трансфер на Реал Мадрид се откажани сè додека не се знае какви ќе бидат последиците од финансиската криза. Друг од тимовите заинтересирани за Погба - Јувентус одлучи да не им ги исплаќа платите на своите играчи со цел да заштеди 80 милиони фунти.

Тагови

Остани поврзан