Коронавирусот закана за производството на кондоми
- Малезиската компанија произведува една петтина од светското количество кондоми. А, погоните во трите фабрики веќе една седмица не работат поради вонредната состојба што Владата ја воведе зара
Манила, 2 април 2020 (МИА) - Компанијата Карекс БХД, која важи за еден од најголемите светски производители на кондоми, го запре производството поради коронавирусот. Тоа може да значи и намалување на количината во продажба на уште еден производ за секојдневна употреба на светско ниво.
Според „Гардијан“, малезиската компанија произведува една петтина од светското количество кондоми. А, погоните во трите фабрики веќе една седмица не работат поради вонредната состојба што Владата ја воведе заради сузбивање на коронавирусот.
Пред неколку дена, компанијата доби дозвола за работа, но само со 50 отсто од капацитетот.
Во однос на југоисточна Азија, Малезија е меѓу земјите најтешко погодени од коронавирусот. Бројот заразени е 2.161 лице, а 26 се починати. Корона-кризата во оваа држава би требало да трае најмалку до 14 април.
Други позначајни земји во однос на производството на кондоми се Кина, од каде почна ширењето на коронавирусот, како и Индија и Тајланд, каде заразата е во пораст. си/сд/