• недела, 22 декември 2024

Коронавирусот влезе во Ливерпул

Коронавирусот влезе во Ливерпул
Ливерпул, 29 септември 2020 (МИА) - Едно од најголемите засилувања на Ливерпул ова лето, Тиаго Алкантара нема да ги игра следните натпревари за тимот од „Енфилд“, бидејќи имаше позитивен тест за коронавирусот. Алкантара, кој неодамна дојде во Англија од Баерн и дебитираше во победата над Челси од 2:0, минатата недела го пропушти натпреварот од Лига купот против Линколн. И тогаш навивачите се сомнитеваа, а потоа Ливерпул објави: „Тијаго имаше благи симптоми на вирусот, но тој се чувствува добро и сè подобрува. Клубот ги следи сите протоколи поврзани со коронавирусот, а на Тијаго ќе му биде одреден временски период во самоизолација“. Премиер лигата објави дека во последната рунда на тестирање имало десет позитивни играчи, што е најголем број по еден пресек од почетокот на тестирањето.

Тагови

Остани поврзан