• понеделник, 23 декември 2024

Корејски бејзбол-играч допингуван преку крем за сончање, тој беше ослободен од обвинението

Корејски бејзбол-играч допингуван преку крем за сончање, тој беше ослободен од обвинението
Сеул, 19 август 2021 (МИА) - Бејзбол-играчот на јужнокорејската екипа Досан Бирс, чие име не се соопштува, беше ослободен од обвинението од антидопинг-властите на неговата земја, откако беше докажано дека е невин за употреба на стимуланс наречен „меклофеноксат“. Овој лек всушност се наоѓа во конзервансот хлорпенсин, кој се користи во некои козметички производи (шампони, лосиони и кремови за сончање). Според тамошните медиуми, адвокатите на безбол-играчот се осврнале на преседанот со американскиот ММА-борец Роб Фронт, кој беше ослободен од вината од УСАДА оваа година во случајот за истата недозволена супстанција. Адвокатот докажал дека неговиот клиент бил позитивен на допинг поради користење крем за сончање една недела пред земањето примерок за анализа. зс/

Остани поврзан