• четврток, 21 ноември 2024

Коп: Прашањето за Уставот не треба да се користи како изговор да не се спроведат реформите

Коп: Прашањето за Уставот не треба да се користи како изговор да не се спроведат реформите

Скопје, 20 јануари 2023 (МИА) – Целото прашање околу Уставот не треба да се користи како изговор да не се спроведат реформите. Реформите веќе можеше да бидат направени и порано, но сега е крајно време. Скринингот започна и овој процес не може повеќе да се прекинува, смета амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп.

Главниот проблем во земјава, според холандскиот амбасадор Коп, е дека владата и парламентот не се целосно функционални, а за влез во Унијата тоа е крајно неопходно.

Во однос на уставните измени на патот кон ЕУ, Коп во интервју за емисијата „Трилинг“ вели дека, според него, логиката и разумот се на страната на Северна Македонија, но и дека Северна Македонија сака  да влезе во Унијата и мора да ги исполни критериумите.

- Северна Македонија се согласи да го смени Уставот, како услов за отворање на втората фаза од меѓувладината конференција. Според мене, ова е само релативно важно, затоа што вашите односи со Бугарија тука нема да завршат. Се додека станете членка на ЕУ и не седнете на иста маса, сите земји членки можат да ви прават секакви пречки на патот, како што покажала историјата, посочи Коп. аа/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан