• петок, 05 декември 2025

Копнениот персонал на „Луфтанза“ ќе штрајкува в среда

Копнениот персонал на „Луфтанза“ ќе штрајкува в среда
Берлин, 25 јули 2022 (МИА) - Германскиот синдикат Верди го повика копнениот персонал на „Луфтанза“ на штрајк в среда, со цел да се зголеми поддршката за преговорите за плати со водечкиот авиопревозник на Германија, јави ДПА. Најавено е штрајкот да почне во 3:45 часот в среда и да трае до шест часот в четврток. Верди преговара во име на околу 20.000 членови на копнен персонал, вклучувајќи техничари и логистички работници, без чии услуги авионите не можат да полетаат. Верди ја одби првичната понуда за плата од „Луфтанза“, а се согласи преговорите да продолжат на 3-4 август. Синдикатот бара зголемување од 9,5 отсто на платите. Според Кристин Беле, која преговара, во поглед на обем на работа, висока инфлација и на жртвување на дел од платите за време на пандемијата, значителни зголемувања на платите се оправдани. бд/

Остани поврзан