• понеделник, 15 јули 2024

Концерт на хармоникашот Филип Трајковски во Мала станица

Концерт на хармоникашот Филип Трајковски во Мала станица

Скопје, 14 јуни 2024 (МИА) – По повод Денот на државноста на Република Словенија во Национална Галерија - Мала станица вечер ќе одржи концерт хармоникашот Филип Трајковски.

Концертот, што ќе започне во 20 часот, го организира Словенечкиот центар – Скопје.

Филип Трајковски е роден во Скопје, на 07.03.2006 година. Од најрана возраст се интересира за музиката.

Од своите девет години, почнува да учествува на натпревари по класична музика на хармоника и забележува завидни резултати на натпревари во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина.

По завршување на основното образование се запишува во средното музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” – Скопје,  во класа и менторство на професорот Љупчо Колевски.

Изучува тематика на класичните композиции наменети за хармоника.

Во изминативе три години започнува музички да созрева, како инструменталист, на својот омилен инструмент хармоника.

Како резултат на напорната работа и талентот напоредно доаѓаат и резултатите проткаени со успеси на сцена, освојување на први места и специјални награди на државни и меѓународни натпревари по хармоника.ар/мд/

Фото: Словенечки центар - Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан