Концерт на Татијана Петрушевска, Марјан Милошевски и Петар Макариевски во македонскиот КИЦ во Софија
- Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечерва ќе се одржи концертот на триото музичари – Пијано трио, составено од Татијана Петрушевска на обоа, Марјан Милошевски на фагот и Петар Макариевски на пијано. Македонските музичари во Софија, како што е најавено ќе исполнат композиции од Г. Начевски, В. Велковска, В. Николовски, Ф. Петровски, В. Николовски – Ѓумар...
Скопје, 23 септември 2025 (МИА) - Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечерва ќе се одржи концертот на триото музичари – Пијано трио, составено од Татијана Петрушевска на обоа, Марјан Милошевски на фагот и Петар Макариевски на пијано.
Македонските музичари во Софија, како што е најавено ќе исполнат композиции од Г. Начевски, В. Велковска, В. Николовски, Ф. Петровски, В. Николовски – Ѓумар...
Пијано Трио е составено од Татијана Петрушевска Караскаковска прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски прв фагот во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ, Петар Макариевски пијано, уметнички соработник при ФДУ, ова Tрио ги здружи своите сили во 2014 година.
-Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, формираа ансамбл сметајќи дека постоење на камерни ансамбли од секаков вид е потребно и полезно за музичарите, од аспект на соработка, зголемување на репертоар, изведба на дела кои не се само за соло инструмент туку во соработка со други инструменти, се вели во најавата од македонскиот КИЦ - Софија.
Формацијата на овој ансамбл, овозможува широк спектар на репертоар од различни епохи и композиции кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за изведување: Х. Брод, Т. Лалие, К. Фридеман, В. А. Моцарт, Ф. Пуланк, Г. Ф. Хендл, А. Вивалди, А. Рајхенауер, Л.В. Бетовен, М. Глинка, се дел од композиторите кои се на репертоарот на Триото и кој постојано се збогатува со нови композиции. аа/
Фото: Македонски културно-информативен центар во Софија