• понеделник, 25 ноември 2024

Концерт на Скопскиот дувачки квинтет

Концерт на Скопскиот дувачки квинтет
Скопје, 30 јуни 2021 (МИА) - Скопскиот дувачки квинтет вечер ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба во Скопје. На програмата се дела од: Моцарт, Љадов, Бизе, Гершвин, Агостини, Џоплин. Скопскиот дувачки квинтет постои повеќе од четири децении и претставува дел од една традиција на камерна дружба меѓу плејада македонски уметници од дувачката фела. Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела од светската ризница, како и дела од македонски автори. Сегашниот состав го сочинуваат познати македонски уметници, членови на Камерниот орекстар Скопски солисти, Филхармонијата и Операта. Тоа се Васил Атанасов - обоа, Марија Јакимовска - флејта, Ристо Ѓоревски - кларинет, Орце Ицковски - фагот и Александар Гошев - хорна. мд/сп/

Остани поврзан