Концерт на Марина Николовска, Маја Чанаќевиќ и Владимир Лазаревски во КИЦ на Северна Македонија во Софија
- Во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија вечерва концерт ќе одржи дувачкото трио, составено од македонските музичари Владимир Лазаревски (обоа), Марина Николовска (обоа) и Маја Чанаќевиќ (англиски рог).
Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - Во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија вечерва концерт ќе одржи дувачкото трио, составено од македонските музичари Владимир Лазаревски (обоа), Марина Николовска (обоа) и Маја Чанаќевиќ (англиски рог).
Програмата на концертот е поделена во два дела, музички и стилски. Во првиот дел се потенцира негувањето на класичниот звук на камерното музицирање, додека во вториот дел, преку различните танци, публиката ќе има можност да прошета низ различни делови од светот.
Дувачкото трио е камерен состав чии членови потекнуваат од оркестарот на Македонската Филхармонија во Скопје. Членовите на ова трио соработуваат долги години и досега реализирале бројни концерти токму во ваков состав.
Владимир, Марина и Маја се инструменталисти кои го негуваат камерното музицирање и настапуваат и како солисти во различни други ансамбли. бак/ев/
Фото: Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Софија