• петок, 05 декември 2025

Концерт на македонската филхармонија во Гевгелија

Концерт на македонската филхармонија во Гевгелија

Гевгелија, 18 септември 2025 (МИА) - Вечер во Народниот театар во Гевгелија Македонската Филхармонија ќе го одржи концертот „Бајка“ под диригентска палка на Ана Кондратенко, која ќе настапи и како солист на виолина.

Како што информираат од Тетарот од Гевгелија, концертот се одржува во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, а на програмата се повеќе познати дела.

Геледачите ќе ги слушнат „Чукни и влези“ од рускиот композитор Владимир Мартинов за оркестар и виолина во 6 става, и „Писма до пријателите“ од Гија Канчели, од Грузија.

Инаку, врвната виолинистка Анна Кондратенко, на овој концерт, покрај како солистка на виолина, ќе се претстави и како диригентка со Камерниот оркестар составен од членови на Македонската филхармонија. рт/дма/

Фото: Организатор

Остани поврзан