Концерт на Екстраваганца фантази квартет во Камерната сала на Филхармонијата
- Екстраваганца фантази квартет, вечер, во 19 часот, ќе одржи концерт во Камерната сала на Филхармонијата во Скопје, во организација на Друштвото за македонско - германско пријателство и соработка и Гете институтот.

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Екстраваганца фантази квартет, вечер, во 19 часот, ќе одржи концерт во Камерната сала на Филхармонијата во Скопје, во организација на Друштвото за македонско - германско пријателство и соработка и Гете институтот.
Квартетот го сочинуваат Јордан Костов (Скопје, Северна Македонија) на хармоника и Андреас Гинтер, пијано и саксофон (Берлин, Германија) кои ќе ги придружуваат младите македонски музичари Андреа Мирческа (контрабас) и Драган Теодосиев (тапани).
-Со задоволство ве покануваме на музичко патување „Кулермунд-изрази од разиграниот ум“. Придружете ни се на музичкиот одраз на далечните патувања, култури и луѓе, повикуваат од Extravaganza Fantasi Quartet. вг/
Фото: плакат