Концерт на гудачкиот камарен оркестар „Арко“
- Во Македонската филхармонија вечерва од 20 часот концерт ќе одржи гудачкиот камерен оркестар „АРКО“, под диригентската палка на Ерхан Шукри.
Скопје, 23 септември 2025 (МИА) - Во Македонската филхармонија вечерва од 20 часот концерт ќе одржи гудачкиот камерен оркестар „АРКО“, под диригентската палка на Ерхан Шукри.
На сцената ќе се појават три добро познати уметници - Сихана Бадивуку на виолина, Мерсиха Шукри на харфа и Жана Актурк од Турција на мандолина.
- Нивниот настап ветува длабока музичка емоција, техничка прецизност и сценска харизма која инспирира. Музички пејзаж со Вивалди, Хачатуриан, Хумел, Корет, Буалдие, Петровиќ и други – со премиерна изведба на неколку дела што за првпат ќе бидат изведени пред македонската публика, велат организаторите. бак/аа/
Фото: Плакат