• петок, 05 декември 2025

Концерт на виолинистот Емилио Перцан на „Охридско лето“

Концерт на виолинистот Емилио Перцан на „Охридско лето“

Охрид, 13 август 2025 (МИА) – Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот завршен концерт на семинарот по виолина предводен од нашиот уметник Емилио Перцан.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. аб/бк/

фото/Охридско лето

 

Остани поврзан