Концерт во Прилеп во рамки на караванот „Македонијо во срце те носиме“
- Концерт во рамки на караванот „Македонијо во срце те носиме“ ќе се одржи вечер на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп.
Скопје, 24 септември 2025 (МИА) - Концерт во рамки на караванот „Македонијо во срце те носиме“ ќе се одржи вечер на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп.
Во рамки на караванот, концерти се одржаа во Охрид, Делчево, Штип, Струмица, Битола и Гостивар.
На концертот ќе настапат Бојана Скендеровски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев. рп/лв/