• сабота, 04 мај 2024

Концерти на „Дац и Александар“ и Влатко Стефановски како дел од фестивалот „SoFest Winter 2023“

Концерти на „Дац и Александар“ и Влатко Стефановски како дел од фестивалот „SoFest Winter 2023“

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - Во рамките на фестивалот „SoFest Winter 2023“, утре вечер во Софија Лајв Клубот во Бугарија ќе се одржи концертот на дуетот „Дац и Александар“, а следната вечер, 19 ноември, концерт ќе одржи и Влатко Стефановски со „Balkan Trio B/G“.

-Дуетот „Дац и Александар“, Драган Спасов-Дац и Александар Митевски ќе се погрижат за смеата и забавата по време на концертот, на кој ќе ги исполнат нивните познати песни, полни со ведар дух и позитивна енергија. Концертот на Влатко Стефановски со „Balkan Trio B/G“ е предвиден за наредниот ден. Влатко Стефановски - гитара, Теодосиј Спасов – кавал и вокал, Васил Хаџиманов – пијано повторно се собираат, за да ни подарат уникатно звучење на различни стилови балкански фолклор, блуз, поп, рок и џез, објавија од Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија.бт/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан