Конференција на УКЛО и ДУТ за безбедносните предизвици во евроатлантскиот регион
- Факултетот за безбедност-Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Државниот универзитет во Тетово денеска ќе организираат научно-стручна конференција што ќе се одржи во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Скопје, 2 јуни 2025 (МИА) - Факултетот за безбедност-Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Државниот универзитет во Тетово денеска ќе организираат научно-стручна конференција што ќе се одржи во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Тема на конференцијата е „Кон безбедна евроатлантска зона во глобализиран свет: Поврзаноста меѓу безбедноста и владеењето на правото“.
-Целта на конференцијата е да поттикне конструктивен дијалог за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува евроатлантскиот регион, соопштија организаторите. хс/вг/
Фото: принтскрин / лого на Факултетот за безбедност-Скопје