• петок, 22 ноември 2024

Конференција за зелена енергија во организација на МАРЕС

Конференција за зелена енергија во организација на МАРЕС

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Инаугуративна конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Македонско здружение за енергија од обновливи извори (МАРЕС).

На конференцијата е најавено присуството на министерот за економија Крешник Бектеши и на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Во рамки на конференцијата ќе се одржат четири панели посветени на зелената транзиција, организирање на пазарот на електрична енергија и маркет каплинг, системите за складирање на енергија и за предизвиците за финансирање на проекти за обновливи извори на енергија.

- Идејата за асоцијацијата потекнува од една глобалната иницијатива почната одамна, -Транзиција на производителите на електрична енергија од фосилни, односно загадувачи, кон незагадувачи. Таа иницијатива води до обезбедување и финансирање на самата транзиција, односно финансирање на проекти коишто би биле поврзани со обновливи извори на енергија, истакна претседателот на здружението Слободан Поповски  вчера средба со медиумите.

Според експертот за инвестициска клима и управување во Европската банка за обнова и развој, Ендрита Џаферај, зазеленување на економијата е една од стратешките цели на ЕБОР.

 - Транзицијата кон зелена енергија е важна за целиот регион, но особено за Северна Македонија, бидејќи тука има промена од јаглен кон обновливи извори на енергија, нагласи Џафереј, истакнувајќи ја поддршката на приватниот сектор кој има клучна улога во процесот на оваа транзиција. вј/лв/

 

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан