• петок, 05 декември 2025

Конференција за ефективноста на националните институции за човекови права

Конференција за ефективноста на националните институции за човекови права
Скопје, 31 март 2021 (МИА) - „Civil Rights Defenders“ и Институтот за европска политика – Скопје денеска организираат онлајн конференција на тема „Темел на човековите права: Ефективни национални институции за Западниот Балкан“. Конференцијата ќе се одржи преку повеќејазичната веб платформа КУДО. Дискусијата, како што соопшти организаторот, ќе ги потенцира наодите од првиот регионален индекс за ефективноста на националните институции за човекови права на Западен Балкан, подготвен од „Civil Rights Defenders“, Институтот за европска политика – Скопје и експертки од регионот. Авторките на извештаите ќе ги дискутираат наодите заедно со претставници од националните институции за човекови права од регионот - народните правобранители од Босна и Херцеговина и Црна Гора, претставничка од канцеларијата на народниот правобранител на Косово, комесарот за заштита од дискриминација од Албанија, генералната секретарка на Агенцијата за заштита на личните податоци од Северна Македонија и комесарката за заштита и еднаквост од Србија. мд/сп/

Остани поврзан