• петок, 05 декември 2025

Конференција „Заедно за одржлива животна средина“

Конференција  „Заедно за одржлива животна средина“

Скопје, 5 јуни 2025 (МИА) - По повод Светскиот ден на животната средина, денеска во Скопје ќе се одржи првата годишна конференција насловена „Заедно за одржлива животна средина“, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање.

На отворањето на конференцијата ќе се обратат првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изeт Меџити и претставничката на УНИЦЕФ во РСМ, Лесли Милер.

Настанот ќе вклучи два панела на кои ќе се дискутираат клучни теми поврзани со животната средина и одржливиот развој, и работилница на која ќе учествуваат ученици и наставници од ГЛОВЕ програмата и од Мрежата за искуствено учење. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан