• недела, 22 декември 2024

Конференција „Да се избегне или да се дискутира? Контроверзни теми во училница?“

Конференција „Да се избегне или да се дискутира? Контроверзни теми во училница?“
Скопје, 4 ноември 2021 (МИА) - Конференција „Да се избегне или да се дискутира? Контроверзни теми во училница?“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) и Институтот за човекови права. На настанот како говорници учество ќе земат Надица Костоска, помошник раководител на сектор за Европска унија - виш програмски службеник (СПО)/ИПА координатор, Гордана Блажевска Спиридонова, психолог во СУГС „Никола Карев“ - Скопје, како и Драган Атанасов, експерт за граѓанско образование Конференцијата е организирана со цел да се поттикне дискусија за потребата од контроверзните теми во образованието, но и да се прикажат активностите реализирани во рамките на проектите „Контроверзни прашања во училишната програма - развивање ефективни практики и пристапи во наставата и учењето“, имплементиран од Институтот за човекови права, и „Наставници за едукација, демократија и човекови права“, имплементиран од Здружението Лидери за едукација, активизам и развој. На конференцијата ќе бидат претставени и клучните продукти кои произлегоа од овие проекти, имено еден дигитален курс, два прирачници за наставници и три видеа. Двата проекти се заеднички финансирани од Европската Унија и Советот на Европа во рамки на заедничката програма „Демократска и инклузивна училишна култура во функција“. мс/сп/

Остани поврзан