Конференција - Градењето на здрави демократии врз основа на принципите на слобода го намалува просторот за штетни политички наративи и дезинформации
- Градењето на здрави демократии врз основа на принципите на слобода и инклузивност е од суштинско значење за сите општества и го намалува просторот за штетни политички наративи и дезинформации, истакна британскиот заменик-амбасадор Даниел Филер на денешната конференција „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС).
Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Градењето на здрави демократии врз основа на принципите на слобода и инклузивност е од суштинско значење за сите општества и го намалува просторот за штетни политички наративи и дезинформации, истакна британскиот заменик-амбасадор Даниел Филер на денешната конференција „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС).
Филер нагласи дека Велика Британија ќе продолжи да работи со партнерите во насока на намалувањето на просторот за дезинформации и штетни наративи.
-Горди сме што заедно со нашите партнери ИКС, работиме заедно на промовирање на професионални фактичко новинарство, како и на промовирање транспаретност и отчетноста во државните институции во Северна Македонија. Велика Британија е силен и долготраен и долгорочен партнер на Северна Македонија. Ние ќе продолжиме да работиме со нашите партнери во насока на намалување на просторот за дезинформации и штетни наративи, какои во давањето на поддршка на институциите медиумите и граѓанското општество, а со цел зајаканување на демократските процеси и поддржување на демократските вредности во државата, рече тој.
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека отчетноста и транспаретноста се приоритет на Владата.
-Тука сме за да покажеме дека како Влада отчетноста и транспаретноста се наш приоритет и дека ќе продолжиме да функцонираме. Нормално веќе шести месец како Влада функционираме. Секогаш се трудиме да бидеме што е можно повеќе транспарентни. Јас секогаш се трудам да одговорам на сите прашања. Нема посакувани и непосакувани прашања. Секогаш кога сум бил прашан не сум избегнал ниту една тема. Се разбира дека постои простор за подобрување, секогаш постои можнсот да бидеме подобри. Но ценам дека досега покажавме еден поинаков квалитет дека за нас нема вакви или такви прашања, вакви или такви медиуми, буквално како Влада се трудиме секогаш да дадеме одговор на секое прашње и на секој медиум којшто ќе допре до нас, рече премиерот.
Во однос на прашањето дали Владата има конкретна програма за медиумско информирање во училиштата, Мицкоски истакна дека овој е процес во кој сите чинители ќе треба да работат на изготвување на некакво решение за ова прашање.
-Тоа е посуштински проблем и тоа не се решава преку ноќ. Ние во изминатиов период и јас како јавна личност, но и генерално јавноста се соочува со медиумска бура од информации. Честопати тие информации не се вистинити и не само што не се вистинити, туку се и злонамерни, некои се ад хоминем напади, конструкции, некои се политички алатки. Ова е еден процес во кој треба медиумите, јавноста и од друга страна Владата бидејќи таа е која што има мнозинство во законодавниот дом, да изготвиме некое решение но тоа да не биде сфатено како цензура или нешто кое што ќе може да ги наруши човековите права, туку да биде нешто кое што ќе биде демократска алатка со која ќе можеме да ги катализираме вистинските информации да стигнат во вистинско време на вистинско место, рече Мицкоски. фф/ац/
Фото: Принтскрин од видео/ Фб на Христијан Мицкоски