• вторник, 27 јануари 2026

Конте: Респект за Челзи, но ние немаме намера да ја завршиме ЛШ

Конте: Респект за Челзи, но ние немаме намера да ја завршиме ЛШ

Неапол, 27 јануари 2026 (МИА) - Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ги искажа своите очекувања за претстојниот натпревар од 8. коло во Лигата на шампионите против Челзи.

- Ќе биде возбудлив натпревар против клуб што имав привилегија да го тренирам. Знам каков клуб се тие, какви играчи имаат и каков е нивниот менталитет. Пристапуваме кон овој натпревар со решителност и респект за нашите противници. Никој од нас не размислува да ја напушти Лигата на шампионите или да не продолжи во ова натпреварување. Ги игравме сите осум кола до последната минута. Сакаме да продолжиме напред, изјави Конте за „Скај спорт Италија.

Наполи е на 25. место во генералниот пласман со осум бода.

Натпреварот меѓу екипите ќе се игра утре (28 јануари) во Неапол со почеток во 21 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан