• сабота, 04 мај 2024

Конструктивна средба со добри предлози на битолските новинари со претседателот на ЗНМ Чадиковски

Конструктивна средба со добри предлози на битолските новинари со претседателот на ЗНМ Чадиковски
Битола, 23 ноември 2022 (МИА) - Новинарите од Битола денес остварија конструктивна средба со кандидатот и актуелен претседател на Здружение на новинарите на Македонија-ЗНМ, Младен Чадиковски. На средбата беше разговарано за понатамошно подобрување на состојбата во локалните и регионални медиуми и општо во новинарството. Од Регионалниот центар на ЗНМ информираа дека на средбата е истакнато да продолжат разговорите за Фонд на медиуми со кој ќе се финансираат квалитетни новинарски продукти за да се подигне стандардот на новинарите и состојбите во медиумите. Присутните се согласија да продолжат напорите на ЗНМ за постојани средби, тренинзи, обуки на ниво на регионалните центри на ЗНМ за да заживее новинарската солидарност на ниво на цела држава, и исто така се согласија на следното изборно Собрание да поддржат и свои кандидати со цел поголема застапеност во телата на здружението, се наведува во соопштението на Регионалниот центар на ЗНМ по средбата со претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.мт/ир

Остани поврзан