• петок, 22 ноември 2024

Конституиран Советот на општина Пласница

Конституиран Советот на општина Пласница
Кичево, 4 ноември 2021 (МИА) - Новоизбраниот советнички состав во општина Пласница, денеска ја одржа конститутивната  седница со три точки на дневниот ред - Формирање на Комисија за верификација на мандати, Комисија за мандатни прашања и Предлог одлука за избор на претседател на Совет. Амел Рамески како предлог на најбројната советничка група на ДУИ, беше избран за претседател на Совет во наредниот четиригодишен мандат. Тој за прв пат е член на Советот на општина Пласница и најави транспарентно работење на новиот советнички состав. - Најпрво да се заблагодарам на изборот за претседател на Советот на општина Пласница. Новиот советнички состав ќе работи крајно транспарентно и за цело време ќе биде во директен контакт со локалното население. На седниците на Советот ќе можат да присуствиваат и граѓани и да слушнат за што се дебатира на тековната седница. Сите одлуки ќе бидат прифатливи ако се во интерес на локалното население, истакна Рамески. Инаку, деветчлениот состав на Советот на општина Пласница го сочинуваат пет советници на ДУИ, два советника на СДСМ и по еден на ДПТ и ПДТ. Рамески е вработен во локалната градежна компанија „Евро-Анче“. за/мс/

Остани поврзан