• недела, 22 декември 2024

Консеисао се повреди на тренинг на Јувентус

Консеисао се повреди на тренинг на Јувентус


Торино, 5 септември 2024 (МИА) – Новиот играч на Јувентус, Франциско Консеисао го повреди мускулот на вчерашниот тренинг.
Поради повредата, Консеисао ќе ги пропушти следните натпревари на Јувентус против Емполи во Серија А и холандски ПСВ во Лигата на шампионите, објави денеска весникот Газета дело Спорт.
Португалскиот репрезентативец денеска ќе биде подложен на прегледи за да се утврди колку точно ќе биде надвор од терените.
Консеисао (21) летово пристигна во Јувентус, како позајмен од Порто. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан