• недела, 15 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Консеисао и Феликс ќе го напуштат Милан на крајот на сезоната

Консеисао и Феликс ќе го напуштат Милан на крајот на сезоната

Милано, 21 април 2025 (МИА) - Тренерот на Милан, Серхио Консеисао ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Педестгодишниот Португалец го презеде тимот во декември 2024. Под негово водство Милан одигра 24 натпревари на сите турнири, 11 победи, пет пати ремизираше и осум пати загуби.

Според Романо, тимот ќе го напушти и сонародникот на тренерот,  Жоао Феликс, кој беше позајмен од Челзи.

Милан е деветти во италијанската Серија А со 51 бод по 33 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан