• петок, 21 февруари 2025

Консеисао за елиминацијата на Милан од ЛШ: Сами сме виновни

Консеисао за елиминацијата на Милан од ЛШ: Сами сме виновни

Милано, 19 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Милан, Серхио Консеисао е самокритичен по ремито со Феенорд (1:1) во реваншот од плејоф рундата во Лигата на шампионите. 

Италијанскиот тим вчеравечер е елиминиран од турнирот по два одиграни натпревари со холандскиот претставник.

- Разочарани сме, лути сме. Не одигравме најдобро во Ротердам, но бевме решени да победиме во реваншот. За малку ќе го постигневме вториот гол, но конечниот резултат е по наша вина. Ова е сериозен удар за мене лично, направив многу грешки. Јас сум одговорен за овој пораз. Моравме да бидеме посилни и на емотивно ниво. Требаше да постигнеме повеќе голови, но потоа се смени текот на играта, изјави Консеисао за сајтот на УЕФА.

Ждрепката за 1/8-финалето во Лигата на шампионите ќе се одржи на 21 февруари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан