• недела, 22 декември 2024

Конкурс за краток расказ на тема „Мојата желба го обиколи светот“

Конкурс за краток расказ на тема „Мојата желба го обиколи светот“

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - По повод месецот на штедењето - октомври, Халкбанк АД Скопје објавува конкурс за најдобар краток расказ на тема „Мојата желба го обиколи светот“. Право на учество имаат сите ученици од петто до деветто одделение од основните училишта низ државата.

Конкурсот е во рамки на кампањата за финасиска едукација на деца „Среќата е во малите чекори “

- Целта на оваа кампања е да им се помогне на најмладите членови на нашето општество да стекнат основни знаења за најважните финансиски поими и елементи и да ги разберат позитивните аспекти на детското штедење. Преку интерактивни активности, Халкбанк АД Скопје се стреми да поттикне навики за паметно штедење и одговорно управување со парите кај децата и младите, соопшти Халкбанк АД Скопје.

Оваа кампања, како што се наведува, ќе ги охрабри децата да ги развиваат своите финансиски вештини, да ги научат важностите на штедењето и да го почнат своето патување кон финансиска независност.

Расказите треба да се испратат на е-меил: pr@halkbank.mk, а конкурсот трае до 30 октомври 2023 година. За квалитетот на пристигнатите творби ќе одлучува тричлена комисија.

Најдобрите пет раскази ќе добијат Халки штедни книшки и почетна сума за штедење. мд/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан