• сабота, 23 ноември 2024

Конкурсот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје трае до 10 септември

Конкурсот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје трае до 10 септември
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Заинтересираните за конкурсот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2022 година, треба да ги поднесат пријавите до 10 септември, потсетуваат од Одборот за доделување на наградата. Пријавите за Наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до Град Скопје, (архива–барака број 16 на Град Скопје, бул.„Илинден“ бр. 82, Градски парк).
-Наградата „13 Ноември на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието, и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Северна Македонија и во светот, велат од Град Скопје.
Наградата може да се додели и на физички и  правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што преставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.
Конкурсот беше објавен во весниците:  „Нова Македонија“, „Слободен печат“ и „Коха“.
Наградите се врачуваат на посебна свеченост од страна на Градоначалникот на Град Скопје, на 13 ноември- Денот на ослободувањето на Градот.ир/са/

Остани поврзан