• среда, 13 ноември 2024

Конгресот на Ајова изгласа нацр-закон за забрана на абортусот после шестнеделна бременост 

Конгресот на Ајова изгласа нацр-закон за забрана на абортусот после шестнеделна бременост 

Вашингтон, 12 јули 2023 (МИА) - Законодавците на Ајова гласаа за забрана на речиси секаков абортус по шест недели бременост. Одлуката поттикна протести пред и во Конгресот на сојузната држава кои се одржуваат денеска, а во присуство на поборниците и противниците на оваа одлука. 

Републиканската гувернерка Ким Рејнолдс свика специјална сесија за по скратена постапка да се разгледаат новите рестрикции за абортус. Нацрт-законот беше изгласан доцна синоќа по партиска линија. 

Законот стапува во сила најмногу за 22 недели откако гувернерот ќе го потпише, а тоа е предвидено во петок.  

Ајова и претходно, во 2018 година изгласа слична забрана, но таа беше блокирана од судовите. Ајова, но и Јужна Дакота и Северна Дакота и дестина други републикански држави имаат воведено слични забрани, а некои како Џорџија, Кентаки, Луизијана, Мисисипи и Охајо забрануваат абортус откако ќе се забележи срцебиење на фетусот. 

Републиканските држави ги воведоа ваквите забрани откако Врховниот суд лани во јуни ја отфрли одлуката на овој суд од 1973 година околу случајот „Ро против Вејд“ според која Уставот на САД генерално ги заштитува правата за абортус. 

Организацијата Планирано родителство и Сојузот на американски граѓански слободи од Ајова планираат да ја дадат на суд одлуката нарекувајќи ја „катастрофален удар на репродуктивната слобода“. кб/мс/

 

Остани поврзан