• понеделник, 23 декември 2024

Конгресмените изгласаа протерување на републиканецот Џорџ Сантос од Претставничкиот дом 

Конгресмените изгласаа протерување на републиканецот Џорџ Сантос од Претставничкиот дом 

Вашингтон, 1 декември 2023 (МИА) - Претставничкот дом на САД денеска изгласа исклучување од своите редови на паднатиот во немилост републикански конгресмен Џорџ Сантос по обвинувања дека овој претставник од Њујорк злоупотребил средства од својата кампања во лична корист и за други сторени прекршоци како лажна идентификација и фабрикување на својата работна биографија.  

Сантос е шестиот конгресмен во историјата на САД кој бил отстранет од Долниот дом на американскиот Конгрес.  

Гласањето се случува по објавениот извештај на Комисијата за етика на Претставничкиот дом. Отстранување на член на домот е можно со најмалку две третини гласови од вкупниот број претставници. Гласањето денеска беше 311 „за“ со „114“  против.  

Некои републиканци, како спикерот Мајк Џонсон бараа да се почека Сантос прво да биде осуден за наводните обвинуања, па потоа да се гласа. Со ова, мнозинството на републиканците се намали до 221 гласа, наспроти 213 на демократите. 

За местото на Сантос треба да се номинираат петмина кандидат, со изгледи да го добие демократ. 

Гласањето за бркање на Сантос е кулминација на сагата што почна кратко по неговиот избор во 2022 година кога весникот „Њујорк тајмс“ извести дека лажел за неговата работна биографија, образование и потекло, што предизвика подлабоко чешлање на финансиите на негоата кампања.   

Сантос е роден во Бразил и тамошните власти го обвинија дека кога имал 19 година во Рио де Женеиро користел украдени чекови за да купува разни работи, но за тоа тој склучи договор со бразилските власти и не е кривично гонет. 

Некои од неговите наводни лаги се дека како универзитетски студент бил одбојкар во шампионски колеџ тим, и дека оформил добротворна организација која спасила 2.500 кучиња. Весникот „Њујорк Тајмс“ го истражи неговиот случај и заклучи дека сето тоа е лага. 

По експозето, Сантос беше обвинет по низа сторени кривични дела, како измама на политички донори, лажање на Федералната изборна комисија и незаконско примање на исплати за невработеност. По сите 23 точки од обвинувањето тој се изјасни дека е невин. Очекува судење во септември идната година. 

Во историјата на САД, тројца од отстранетите конгресмени се од времето по Граѓанската војна. Интересен е случајот на демократот Мајк Мејерс кој во 1980 година бил обвинет за примање поткуп, отстранет од Конгресот и служел повеќе од година затвор. Многу години подоцна, во 2022 година, Мејерс се изјасна за виновен по обвинение дека како активист на изборите во Филаделфија во 2010 година полнел кутии со гласачки ливчиња.  

Осумдесетгодишниот сега е во затвор и казната му трае до јули до 2024 година. кб/ сд/

Остани поврзан