• петок, 22 ноември 2024

Конашенков: Челичарницата „Азовстал“ е целосно ослободена

Конашенков: Челичарницата „Азовстал“ е целосно ослободена
Москва, 20 мај 2022 (МИА) – Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека фабриката „Азовстал“ во Мариупол е целосно ослободена. -Територијата на металуршката фабрика „Азовстал“ во Мариупол, каде група украински милитанти од нацистичката формација „Азов“ беше блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена, изјави вечерва портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков. „Последната група се предаде денеска“, додаде тој. Руските медиуми пренесоа дека министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, веќе го информирал претседателот Владимир Путин за завршувањето на операцијата и целосното ослободување на „Азовстал“ и градот Мариупол од украинските сили Министерот  Шојгу кажа дека подземните објекти во фабриката се под контрола на руски војници. Министерството за одбрана соопшти дека 2.439 неонацисти од „Азов“ и украински војници заглавени на територијата на фабриката го оставиле оружјето и се предале. Последната група од 531 милитант се предала денеска. Овие тврдења не можат да се потврдат, а украинската страна се уште не одговори на веста на руското МО. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан