• недела, 22 декември 2024

Конашенков: Кај Лавов уништени логистички центар и складиште со донирано странско оружје

Конашенков: Кај Лавов уништени логистички центар и складиште со донирано странско оружје
Москва, 18 април 2022 (МИА) - Руската армија вечерва соопшти дека, денеска во близина на Лавов со ракети со висока прецизност уништила големо складиште со странско донирано оружје, што неодамна и беше доставено на Украина, пренесоа француските медиуми. -Утринава руските воздухопловни сили извршија напад со ракети со „висока прецизност“ врз логистички центар на украинските вооружени сили во близина на Лавов, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков. Според него, уништени се логистичкиот центар и голем дел од складираното странско оружје што го „испорачаа САД и европските земји во последните шест дена“. -Уништено е и складиште за муниција кај Василково, во Киевската област, изјави Конашенков. Руската војска во текот на денот уништи вкупно 16 украински воени локации, вклучително и фабрика за поправка на тактички ракети „Точка -У“, неколку складишта за муниција и складиште за гориво. сд/

Остани поврзан